Васко Михалчев, искусен пилот и горд битолчанец, повторно се враќа во служба на државата. Со потпишувањето на договорот за ангажман со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тој и неговиот колега Стоје Арсовски ќе бидат дел од екипажот кој ова лето ќе ги управува противпожарните авиони „ер трактор“.
Овој потег значи дека двата авиона на ДЗС конечно ќе бидат целосно оперативни и подготвени за интервенирање во случај на пожари на отворено ширум Македонија.
Михалчев, познат по своето долгогодишно искуство и посветеност, потекнува од Битола, град кој често се наоѓа на удар од летни пожари. Неговото враќање во воздух е симбол на одговорност и љубов кон татковината