Битолчанецот Бојан Тошевски освои бронза на престижен меѓународен Calisthenics натпревар во Рим

од June 17, 2026 0 коментари

Битолчанецот Бојан Тошевски постигна значаен меѓународен успех освојувајќи го третото место на престижен интернационален Calisthenics натпревар, кој на 14 јуни 2026 година се одржа во Рим, Италија.

Во силна конкуренција на натпреварувачи од повеќе земји од Европа и светот, Тошевски настапи во дисциплината endurance (-80 кг), каде успеа да се пласира меѓу четворицата најдобри и да го освои бронзениот пехар. Борбата за местата на победничкиот подиум била неизвесна до самиот крај, а освоеното трето место претставува голем успех како за него лично, така и за македонскиот калистеникс.

Уште еден одличен резултат за Македонија оствари Ангела Петрова од Кавадарци, која го освои четвртото место во женска конкуренција.

На натпреварот во Рим учествуваа претставници од Италија, Грција, Велика Британија, Гватемала, Чешка, Германија, Русија, Естонија, Мексико, Шкотска, Ирска, Хрватска, Србија, Унгарија, Австрија и Норвешка, што дополнително ја потврдува вредноста на освоениот резултат.

Со овој успех, Бојан Тошевски уште еднаш ја претстави Битола и Македонија на најдобар можен начин, носејќи дома бронзен медал од едно од најсилните меѓународни натпреварувања во калистеникс.

Babam Bitola

Comments are closed.