На возбудливата трка што се одржа викендов на мотокрос патеката во Орман – Скопје, битолчанецот Антонио Дамјановски блесна со извонредно возење и заслужено го освои 1-вото место во категоријата МХ2.
Со маестрална контрола, брзина и страст кон мотокросот, Антонио уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите млади македонски возачи. Неговото возење беше полн погодок за тимот и навивачите кои го бодреа од првиот до последниот круг.
„Секој круг беше борба, но кога го слушаш моторот и срцето ти тропа во ритам со брзината – знаеш дека си на вистинскиот пат,“ изјави Антонио по трката.
Со оваа победа, Дамјановски му донесе нов трофеј на Enduro Team Vodno, потврдувајќи дека талентот, упорноста и љубовта кон спортот секогаш носат резултат.





