БИТОЛЧАНЕЦОТ АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ГО ПОКОРИ ЗАГРЕБ: ЗЛАТО, ГРАН ПРИ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР БОКСЕР НА ТУРНИРОТ

од May 23, 2026 0 коментари

Битола повторно има причина за спортска гордост! Битолчанецот Ален Рустемовски блесна на престижниот меѓународен боксерски турнир „Гранд при Загреб“ – Меморијал „Јосип Јовиќ“, кој се одржа во Хрватска, освојувајќи златен медал, Гран при на турнирот, но и престижното признание за најдобар боксер на турнирот.

На силниот турнир настапиле боксери од осум држави: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Унгарија, Италија и Германија. Ален до финалето стигнал со убедливи настапи, а во полуфиналето славел со прекин во третата рунда против противник од Словенија. Во големото финале се соочил со домашен боксер од Хрватска и уште еднаш покажал класа за да се закити со најсјајното одличје.

Како круна на извонредниот настап, Рустемовски бил прогласен и за најдобар боксер на целиот турнир, уште една потврда за неговиот талент, посветеност и голем потенцијал во рингот.

Браво Ален, Битола се гордее!

Babam Bitola

Comments are closed.