Битолскиот боксер Ален Рустемовски од боксерскиот клуб Пелистерски Јунак е во одлична форма и на крајот од оваа година повторно ја афирмира Битола на меѓународната сцена!

Во полуфиналето на Опен Балкан шампионатот што се одржува во Пале, Босна и Херцеговина, Рустемовски го совлада фаворитот од Русија Никита Косман со резултат 3-2 и се пласира во големото финале!

Во борбата за златниот медал, нашиот Ален ќе се соочи со Стефан Чамовиќ од Србија.

Честитки за големиот успех и желби за уште една победа, за Македонија и за Битола.