БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Златко Самарџиев, ме викаат КЕКЕЛ, КЕКЕЛко, КЕКЕЛче, КЕКЕЛот, а понекогаш ме викаат и на семејни веселби, но тоа зависи од семејството.

Еве ги зборојте од Битола, сите се свршени глаголи.

ТЕПТИСА – аат, глагол свршен

Се занесе, се изгуби.

Знајш како се опишва ова? Ко ќе ти застани колата среде возење? Најверојатно карбураторо ти тептиса, тоест се затна, или од валкано или се преполна со бензин. Значи колата ти ТЕПТИСА.

А за личност се вели, Остај го, не го сиот ТЕПТИСАН е, занесен, изгубен.

Или ако некој збора долго и непотребно, му се вели Аман бе ТЕПТИСАЈ (застани).

КАЛДИСА или ПАПСА – аат, глагол, свршен

Малакса, премале

На пример ако трчаш многу, ќе калдисаш, ќе папсаш.

ДАЛДИСА – аат, глагол, свршен

Се занесе, се внесе или тргне по нешто, или понекого

Далдиса по неа, некој шо долго го брка некое чупе шо го му се бендисва.

Е ко ќе го убеди чупето – се вели дека ја КАНДИСА.

Всушност, треба да ја калдиса па сама ќе се кандиса.

КАНДИСА – аат, глагол, свршен Турски е Кандимак

Даде согласност, се сложи СЕ КАНДИСА, ИЛИ

Му изнуди согласност ГО / ЈА КАНДИСА,

ДУЗДИСА– аат, глагол, свршен Турски е Дузденлемек

Среди, уреди, дотера,

Види го ле Менде, се дуздисал ко за на свадба да ќе оди. ААААааа, ќе брка некоје чупе вечерава.

Plagij.at

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here