Првото родено бебе во Битола во новата година е и првото бебе во Македонија. Се работи за женско бебе кое се роди ноќта на 01.01.2017 г. само 12 минути по полноќ во Клиничката болница Труфун Пановски во Битола. Мајката на свет го донесе по природен пат, а исто така природно се породија уште две родилки, кои на свет донесоа женски деца. Второто бебе е родено 50 минути по полноќ, а третото во 2 часот и 30 минути. Значењето кога како прво се раѓа женско дете е дека годината 2017 за Битола ќе биде бериќетна. Дај боже така да биде! На бебињата и на нивните семејства да им посакаме многу здравје и среќа, убави и весели моменти…