„БИТОЛСКИ ТАМБУРАШИ“ СО НОВ СПЛЕТ – ПЕСНИ ОД БИТОЛА, ЗА БИТОЛА

од • September 29, 2026 • 0 коментари

Групата „Битолски Тамбураши“ повторно ја носи старата битолска песна таму каде што ѝ е местото, меѓу битолчани.

Со нов сплет на песни посветени на Битола, музичарите продолжуваат да го негуваат препознатливиот староградски звук и духот на градот под Пелистер. Нивните настапи низ годините се тесно поврзани со Старата битолска чаршија и со настани на кои староградската песна повторно ги исполнува битолските сокачиња.

Во новата изведба учествуваат:

🎹 Хармоника: Александар Николовски
🎤 Вокал: Александар Здравков
🎶 Кларинет: Димитар Богески
🎸 Гитара: Зоран Стеваноски
🥁 Тапани: Тони Талевски
🎻 Виолина: Јован Стојковски
🎸 Бас: Марјан Трајковски

Снимањето, миксот и мастерингот се на Славко Ристески – Prosound Production Studio, видеото го снимаше Сашо Сена, а монтажата е на Раде Дамјановски.

Уште една музичка разгледница од Битола, со песни што потсетуваат на Широк Сокак, старите маала, чаршијата и времето кога битолската песна се пееше од срце.

„Битолски Тамбураши“, оти Битола најубо се раскажува со песна.

Babam Bitola

Comments are closed.