Тимот „StayBe“, составен од млади битолчани и предводен од Иван Секуловски од Битола, постигна голем успех и се пласираше меѓу најдобрите 10 финалисти на престижниот натпревар „Средношколец милионер“.

По серијата одлични настапи и големата поддршка од јавноста, талентираните битолски средношколци добија шанса да се борат во големото финале кое ќе се одржи утре.

Од тимот „StayBe“ упатија искрена благодарност до сите кои им дадоа поддршка, посебно до битолчани кои стоеја зад нив и веруваа во нивниот труд, креативност и посветеност.

„Утре очекуваме уште поголем успех во финалето и се надеваме дека повторно ќе ја почувствуваме силната поддршка од Битола и целата заедница“, порачаа младите таленти.