Тим од Горната гимназија во Битола успеа да се пласира меѓу топ 50 најдобри бизнис-идеи на националниот средношколски натпревар за млади иноватори.

Проектот на битолските ученици привлече внимание со својата креативност и практична примена, а сега тие се борат за пласман во следниот круг од натпреварот.

За да продолжат натаму, на учениците им е потребна поддршка од јавноста преку онлајн гласање.

Гласањето е отворено на следниот линк 👉 https://milioner.mk/vote/644bc57b-b321-4dd9-8d74-4a70a63651f7, а може да се изврши со најавување преку Google, Facebook или X профил.

Организаторите потсетуваат дека секој глас е важен, а поддршката од граѓаните може да им помогне на младите битолчани да стигнат до финалето и да ја претстават Битола како град на таленти и идеи.