Битолскиот ресторан Оскар кој е сместен во пазувите на Баба Планина по повод нивното јубилејно 20 годишно работење излегува во пресрет со великодушна понуда од 100.000 денари за самохраните родители со деца од 3-7 г. кои ги поканува да го посетат нивниот ресторан каде ќе добијат потврда за донација на велосипед:
Се покануваат самохрани родители, на деца со возраст од 3 до 7 години, да дојдат во РЕСТОРАН ОСКАР, за да добијат потврда за донација- велосипед, за нивното дете.
Се замолуваат, од Центарот за социјални грижи во населба Карпош, да обезбедат потврда за нивниот статус.
Прв дојден, прв услужен, до исцрпување на планираниот број на велосипеди.СО РАДОСТ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
Ваш ОСКАР!