БИТОЛСКИ ПРЕКАРИ: КАЛИЦА

од March 12, 2026 0 коментари

Битола отсекогаш била град на приказни, а меѓу најинтересните се оние за битолските прекари. Во старо време, прекарот не бил само шега или навика, тој често кажувал нешто за човекот, неговиот карактер, занает или како го доживувале луѓето околу него.

Во новата рубрика „Битолски прекари“ ќе се потсетиме на вакви мали, но живи градски легенди.

Првиот прекар што го издвојуваме е КАЛИЦА.

Овој прекар го носел Велко Алкивијади Георгиев, познат трговец кој продавал штоф на Широк Сокак. Бил ценет како добар трговец, но уште повеќе како чесен и добар човек.

Токму од своите грчки муштерии го добил прекарот „Калица“. Зборот доаѓа од грчкото „кало“, што значи добар, ,,лице” – човек односно добар човек. Со текот на времето, битолчани почнале така да го нарекуваат, а прекарот останал запаметен како знак на почит кон неговата добрина и углед.

Во Битола, прекарите често се мали приказни за големи луѓе.

Babam Bitola

Comments are closed.