Најочекуваниот момент од долгите и сложени свадбарски обичаи секогаш била објавата на дественоста на невестата. доколку се потврдило дека во новото семејство пристига чесна, кое се докажувало со белиот чаршав или со невестинската бела кошула, сеопшта радост и веселба ја обземала зетовската фамилија. Веста била објавувана и со пукот од огнено оружје и со музика и истата веднаш патувала до родителскиот дом на невестата, каде се очекувала со нескриен грч. Известувањето се правело со јаболко украсено со паричка или на друг, симпатичен начин, што било повод за веседби и блага ракија, која се делела во невестинското семејство, меѓу соседите и роднините.
Доколку, пак, било обратно, немало песни и музика, се било штама и нервоза во обете семејства, макар дефлорацијата да ја имале претходно извршено и зетот. Повторно имадо јабодко за невестинското семејство, но сега со лута пиперка. Во Кратово ахчиката, која го готвела свадбарскиот ручек, го прибирала ѓубрето и го истурала пред портата на невестинскиот дом, или им се испраќала ‘ржена погача со дупка во средината, во чија средина се перчел праз.
Најтешките последици ги сносела невестата. Доколку случајот совреме и потајно не бид покриен со потплатување (пари, имот и сл.) врз неа паѓала дамка која ќе ја следи сиот живот, бида омаловажувана и потурната во недоглед и од мало и од големо. Во Кукуш другарите на зетот ја носеле на чешма или на место со вода, ја откриваде „угул-гола“и се изживуваде со полевање ладна вода, понекогаш и приредувале и други, понижувачки изненадувања.
Ваквите казни ги среќаваме и во скорешно време во Бугарија, кај нас, а и на други места низ Балканот. Има сеќавања и за неколку случаи и од потпедистерските села по ослободувањето, кои, според тврдењата на информаторите, биде проследени со песна, со рефрен „Држ се, Мара, за опашка”. Обичајов е стар и за тоа има и сведенија.
Уште Франческо Сансовино (1564) пишува дека вакво омаловажување и понижување можем да доживеат и љубовници христијани фатени на дело. Доколку веднаш не би ја платиле големата глоба, вечерта морале да ја минат в затвор до доаѓањето на судијата, а другиот ден, качени секој на засебно магаре, со грбот наназад, со магарешка опашка в раце и со шкембе полно со измет на главата, биде разносувани низ градот, следени со гласен подбив, смеа со кал и измет фрлани врз нив од деца и од развеселени граѓани. Казнава со магаре можа да ја заслужи и несовесен или неажурен службеник.
Дественоста на невестата имала голема цена не само кај словенските народи на Балканот, туку и среде османлиите. Се докажувала и кај нив со невестинската ноќница по првата брачна вечер. И кај нив казната била „магарешка “.
Извадок од “Калеидоскоп” Александар Стерјовски
Фото Битола Турист Инфо