Кога сме кај битолските легенди и нивното создавање  убо е да се спомене еден професор, чинам беше од Горната. Тој редовно со своите кабадајски муабети беше омилен меѓу сите ученици. Сите едвај чекаја да дојди неговиот час…

Најпознат бил по раскажувањето за неговото пливање. Откога го препливал цело Охридско езеро наводно тоа му здосадило и се одлучил да нурка. Зел воздух и нуркајќи излегол во Преспанското каде продолжил со пливање, за поинтересно да му биди…

Подвигот и ден денес остана херојски меѓу нас битолчани. Од нас остана само на ваков начин барем писмено да го документираме. 

Браво професоре! 😊

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here