БИТОЛСКИ ЗБОР НА ДЕНОТ: ЈАНЅА

од April 22, 2026 0 коментари

Јанѕа е она тивко, упорно чувство шо те стега одвнатре, без да знајш точно зошто. Не е баш страв, не е ни чиста грижа, туку нешто помеѓу немир и тежина. Како да те гризи нешто. Состојба кога мислите не ти даваат мир, а срцето ти кажва дека „нешто не е како шо треба“.

Во битолски контекст, јанѕа често доаѓа без најава, од муабет, од тишина, од нешто шо не си го кажал, а те мачи. И не е секогаш за објаснување, туку за чувствување.

Пример:
„Цел ден ме јај некоја јанѕа, тамам како да ќе се случи нешто…“

Збор шо не се преведва лесно, ама се препознава од прва.
Во Битола, кога ќе речиш „јанѕа“, сите знаат , не ти е тамам на душата.

Babam Bitola

Comments are closed.