Битолски бербер со големо срце: Бесплатни услуги за луѓе од ранливи категории

од April 7, 2026 0 коментари

Во пресрет на Велигденските празници, во Битола се реализира хуман гест кој заслужува внимание и почит.

Берберницата „Ице“, лоцирана кај Бизнис центарот во старата чаршија, започна акција преку која обезбедува бесплатни услуги за граѓани од ранливи категории. Акцијата веќе започна и ќе трае до сабота, а опфаќа услуги како стрижење и бричење за оние кои не се во можност да си го дозволат тоа.

Со оваа иницијатива, сопственикот испраќа силна порака за солидарност, хуманост и грижа за заедницата, особено во период кога празниците треба да донесат топлина, достоинство и насмевка кај секого.

Ваквите примери покажуваат дека Битола не е само град на историја и култура, туку и град со големо срце, каде човечноста сè уште има силно место.

Граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга можат да ја посетат берберницата во наредните денови и да ја искористат оваа хумана можност.

—————————————————-

Ова не е платена реклама или ПР текст. Ова е наша мала поддршка за свет со поголема човечност кај сите. Инаку наш бербер е Макре.

Babam Bitola

Comments are closed.