Македонскиот мотокрос добива уште едно големо меѓународно признание. Христиан (Кико) Илиоски од Битола е официјално потврден како натпреварувач на Triumph Racing Македонија за сезоната 2026, со што се отвора ново поглавје и за брендот и за домашниот спорт.

Илиоски, еден од најтрофејните македонски мотокрос возачи, зад себе има импресивна кариера со над 102 државни титули и бројни победи на БМУ европските шампионати. Неговото искуство и континуитет во категориите MX85, MX1, MX2 и MX го вбројуваат меѓу најпрепознатливите имиња на мотокрос сцената во регионот и пошироко.

За Triumph Racing, бренд со седиште во Скопје, ангажманот на битолчанецот Илиоски претставува јасна стратегија – спој на врвна светска технологија и докажан македонски талент. Христиан ќе настапува со новиот TF450-X, мотоцикл дизајниран за највисоки резултати и сериозни европски предизвици.
Во Triumph Racing очекуваат токму Илиоски да биде носечка фигура на тимот во европските натпреварувања, додека самиот возач добива платформа со која може уште еднаш да ги помести границите на својата кариера.
Соработката меѓу Скопје и Битола, меѓу брендот Triumph и легендата Кико Илиоски, е уште еден доказ дека македонскиот мотокрос има што да понуди на европската сцена. Првиот настап на Илиоски во боите на Triumph Racing веќе се очекува со голем интерес кај љубителите на овој спорт.
Видео ТУКА





