Групата „Битолски Тамбураши“ повторно ја разнежни публиката со нов сплет од убави традиционални и градски песни поврзани со Битола. Со својот препознатлив стил, тамбурашите доловија топлина, емоција и битолски шмек, потсетувајќи на времињата кога песната се пеела со срце и душа.
Во нивниот нов сплет се испреплетуваат мелодии што мирисаат на Широк Сокак, старите маала и битолските кафеани, создавајќи вистинска музичка разгледница од градот под Пелистер.
Со ова издание, „Битолски Тамбураши“ уште еднаш потврдуваат дека се чувари на староградната песна и амбасадори на битолскиот дух.





