Историски момент за битолското карате! По повеќе од 15 години, битолски каратисти повторно ќе настапат на Балканско првенство за деца, кое годинава ќе се одржи од 29 до 31 мај во Истанбул, Турција.


Станува збор за 30. Балканско првенство за деца, на кое младите каратисти од Битола за првпат во овие категории ќе ги бранат боите на Македонија, што претставува значаен успех и голема чест за битолското карате.
Во составот на македонската репрезентација ќе настапат:
🥋 Николај Петковски, кој ќе се натпреварува во ката машки – 10 години и кумите до -45 килограми.
🥋 Бојана Бошкова, која ќе настапи во ката – 11 години, како и во ката тим 11/12 години – женски.
Дополнително, битолското карате ќе има свој претставник и во стручниот дел, бидејќи Стевка Јанковска Петковска е назначена за селектор за кати во категориите У12 и У14 години.
Од Карате клубот „Заншин До“ – Битола истакнуваат дека ова е историски момент за клубот и за градот, а упатуваат и голема благодарност до компаниите и институциите кои финансиски помогнаа децата да настапат на ова големо натпреварување.
Посебна благодарност е упатена до: Болница Плодност, Авто мото друштво „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и АБЦ Дојчиновски, чија поддршка овозможи младите спортисти достојно да ја претставуваат Македонија во Истанбул.
Со многу ентузијазам и мотив, младите битолски каратисти заминуваат на Балканското првенство со желба за достојно претставување и добри резултати.
