Битолските каратисти од ,,Заншин До” се вратија со 2 злата, 4 сребра и 11 бронзи: Следува историски настап на Балканско првенство во Истанбул

од May 22, 2026 0 коментари

Одлични резултати за битолскиот карате клуб К.К. „Заншин До“ – Битола, чии натпреварувачи се вратија со вкупно 2 златни, 4 сребрени и 11 бронзени медали од двата силни меѓународни турнири – „Охрид Опен 2026“ и „Солидарност Опен 2026“.

На турнирот „Охрид Опен 2026“, кој се одржа на 3 мај во Охрид, клубот настапи со тројца натпреварувачи во седум категории и освои 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Особено се истакна Николај Петковски, кој освои сребрен медал во категоријата кумите -45 кг. (2016 год.), притоа извојувајќи три победи, а се закити и со две бронзи во категориите ката 2016 година и борби 2014 година (-46 кг.).

Со сребрен медал се закити и Јована Јовановиќ во категоријата ката женски 2016 година, додека Тамара Стојановска освои бронзен медал во категоријата ката 2017 година.

Успешната низа продолжи и на „Солидарност Опен 2026“, кој се одржа на 17 мај во Скопје, каде каратистите на „Заншин До“ повторно блеснаа.

Со златен медал се вратија Тамара Стојановска во категоријата ката 2018 година и Дамјан Митановски во ката 2020 година, додека Алексеј Петковски освои сребрен медал во кати 2018 година.

Бронзени медали освоија Елена Јончевска, Михаил Марковски и Каја Темелковска во ката тим кадети/јуниори, како и Тамара Стојановска, Алексеј Петковски и Лана Бејковска во ката тим 2017/2018 година.

Со бронза се закитија и Николај Петковски во кумите 2014 година (-46 кг.), Лана Бејковска во ката 2017 година, Стофија Стојковска во ката 2015 година, Илина Шобевска во ката 2013 година, додека Михаил Костурски освои две бронзи во категориите ката 2013 и 2014 година.

Од клубот велат дека по успешните турнири, следува еден од најголемите предизвици и историски моменти за клубот и за Битола. Во периодот од 27 мај до 1 јуни 2026 година, како дел од македонската карате репрезентација, во Истанбул, Турција, Битола ќе ја претставуваат Бојана Бошкова во кати и Николај Петковски во кати и борби, додека како селектор во кати ќе настапи Стевка Јанковска Петковска.

Со ова, Битола на претстојното Балканско првенство ќе има свои претставници кои ќе ги бранат боите на Македонија, но и достоинствено ќе го претставуваат својот град.

Babam Bitola

Comments are closed.