Битолските гимназијалци од Горната не застануваат. Повторно во тек на снимање, се спрема спектакуларен филм-ПРЕКРШЕНИ ВРЕМИЊА, на кој е ментор професорката по латински јазик- Софија Бејковска. Режисер- Марија Петровска, Сценарист- Евгенија Велевска. Овие гимназијалци се прва година средно и со нивната класна снимаат веќе 1 месец, на различни локации, како што добивме информации им остануваат уште 1 до 2 снимања.
Последниве денови можевте да ги видите низ град како поминуваат во различни костими.
На 5 февруари во салата на Центарот за Култура во Битола во 19:00 часот ќе се прикажува за прв пат во јавноста, и ќе можете да го гледате ако присуствувате. Филмот е дел од самиот јубилеј на Горната Гимназија кој слави 80 години предавање на македонски јазик, во едно на јубилејот ќе има уште еден филм за кој немаме доволно информации!