Битолските боксери на Боксерскиот Клуб Пелистер во 80-тите години во Битола после осум мечеви се најдоја на првото место на табелата на втората боксерска лига во Југославија. Зачетокот на клубот е од далечната 1947 г. кога започнува под името Работник.

Боксот кај љубителите на спортот во Битола е блиску до фудбалот и ракометот и дури се предвидуваше дека ако се остварат зацртаните насоки на управата, популарноста на боксерите може да биде уште поголема. Впрочем за тоа зборуваше и тогашното големо интересирање за мечевите што се одржувале во Спортската сала „Младост“. Речиси на секоја средба присуствувале близу четири илјади гледачи.

Во тоа време битолските боксери се среќавале со едно мошне тешко прашање: Клубот немал претставници во сите категории.

Додека, во таканаречените, полесни категории се беше во ред победите доаѓаа како природен епилог на вредностите на боксерите, во потешките категории случајот не бил таков.

Таквата ситуација пред новата управа го постави императивот да се ангажираат боксери за потешки категории.

Агилноста и енергичноста на новите луѓе кои дојдоа во Претседателството на клубот донесе и плодови за кус временски период кога во составот на боксерите кои ги бранеа боите на Пелистер се појавија и неколку познати имиња од југословенскиот бокс,

меѓу кои биле Шериф Рустемов, Невзат Мисими, Душан Борота, Зоран Четковиќ, Иван Бошковски, Седат Ќеримов, Трајан Пердуловски, Јован Тодоровиќ, Драган Перуновиќ, Сејдо Амедовски, Сакип Рустемов и Христо Димитровски. Потегот се покажа како оправдан и единствено правилен се додека низ создавање на сопствени кадри
низ боксерската школа не излезат ,.тешкаши“.

Во наредната сезона овој натпреварувачки систем доживеал менување. Наместо повеќе втори лиги постоеле само две: источна и западна или како што во боксерските кругови популарно се викале први „Б“ лиги.

Од тогашните разговори со тренерот на клубот, луѓето од Претседателството на управата и самите актери на рингот, се доаѓаше до оптимистички заклучок дека Пелистер нема да може да го задржи лидерството на табелата, но ќе најде сили да се избори за второто или третото место, од каде се патува во првата „Б“ лига. Постојано се зголемувал и бројот на млади талентирани момчиња кои пројавувале желба да се појават на рингот.

Извор Битолски весник во 80-тите

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here