Длабоко во историјата на нашата Битола, помеѓу архитектонските траги на минатото, стои едно место што малкумина го познаваат, а многумалку се зборува за него.

Станува збор за германските воени гробишта изградени во периодот 1932–1934 година, познати како Тотенбург – „тврдина на мртвите“.

Овој монументален комплекс, со овални ѕидови и масивна порта, бил дел од култот кон паднатите борци на Централните сили на Солунскиот фронт во Првата светска војна, каде почиваат над 3 400 германски војници.

Гробиштето, дизајнирано од архитекот Роберт Тишлер, е уникатен пример за нацистичката воена меморијална архитектура и претставува тивок, но силен сведок на времето што поминало низ нашиот град и регион.

🔗 Погледни ја целата статија: https://marh.mk/bitolskiot-totenburg/