Интересен викенд за тимот на Pound for Pound team Macedonia во Софија Бугарија на меѓународен турнир за Џиуџицу и Граплинг на кој нашите такмичари зедоја учество во борби со кимоно и без кимоно и одбатотија одлични борби и го демонстрираа она што се бараше од нив.
Почастени од државата со 0 денари државен ваучер заминавме во Софија на борби за кои се гинеше утро и вечер на секојдневни клубски тренинзи и го постигнавме она за кое се подготвувавме ,да бидеме ПРВИ да бидеме НАЈДОБАР ТИМ, и ја претставиме нашата Битола и Македонија.
Без оглед на сите саботирања,на цел театар и голем криминал во спортот, ако може ова кај нас воопшто да се нарече спорт во последно што ни се случува ние со голема мотивација успеавме да го реализираме успешно и овај проект за нас.
Ние сме борци кои покрај се ќе продолжат упорно и јако да тренираат и работат на себе и достигнуваат и остваруваат нови битки и победи.
Мoжат да земаат државни пари за спорт и ги трошат по кафеани и лични задоволства, да се финансираат погрешни „спортисти” и „клубови” , да не игнорираат и саботираат, да се финансираат непостоечки клубови, но едно не можат да ни земат…нашата ЉУБОВ И ЖЕЛБА ЗА ДА ГИ ТРЕНИРАМЕ И УЧИМЕ БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ и сето тоа го докажуваме на борилиштата насекаде каде имаме прилики да се појавиме.
Изразуваат голема благодарност до HELIOS MEDIKAL Скопје и г-дин Александар Генчов, KROMBERG&SHUBERT Битола, Градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски и сите кои допринесоја за оваа успешна приказна.