Битолскиот Завод и Музеј со големо задоволство го објави почетокот на нова проектна соработка со експерти од Општина Бурса, Република Турција, побратимен град на Битола од 1995 година.

Посетата, реализирана по иницијатива и со поддршка на г-дин Рамазан Тезџан, претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓуопштинската соработка и размена на искуства.

Во рамки на дводневната посета, беа одржани повеќе работни средби и состаноци, на кои се разговараше за идни проекти што во наредниот период ќе бидат имплементирани во зградата на институцијата.

Организаторите упатија благодарност до Station FORTY-FOUR апартмани за обезбеденото сместување и гостопримството на делегацијата од Бурса.