Синоќа некој, прилично дрско, ми искоментира дека сум мразела дијалекти?! А и не е првпат. Прво не мразам ништо во животот, дури и самиот поим “мрази” како збор не е присутен во мојот вокабулар. Второ како јазичар-македонист многу сум свесна за лексичкото бесценето богатство на македонската дијалектна територија. Но, вистината е дека некои дијалекти ми се понепријатни за слушање, оние со тврд, погруб изговор, со брз тоналитет, со кратење на зборовите, голтање букви, менување на местото на акцентот. Спротивно на нив,
битолскиот дијалект, еве, обожавам да го слушам со сите негови јазични специфики. Еден од најубавите и најкарактеристичните дијалекти во Македонија – со посебен “пејачки” призвук, богат, живописен и преполн со боја и ритам,
мек, мелодичен, милозвучен, со бавен тоналитет, пријатен за слушање, абе мелем за уши. Ако, според непознат автор, “дијалектот е поезија на народот”, битолчани кога зборуваат, поезија пишуваат

Marina Luj Ristovska