”Blacklake Xtreme Triathlon” e исто како животот – божествено убав и проклето тежок .
Во суштина овој екстрим триатлон, е ектрим ајрон мен, со тоа што сите должини се исти како на ајрон мен ама условите и обемот се екстремени .
Пливањето од 3.8 км е во глацијално Црно езеро кое е на 1500 метри висина со температура од 16 степени.
Стартот почнува во 4 и пол сабајле во потполна темница .
После се вози и 180 км со то шо овде се искачува и спушта 4000 метра висина и на крај се трча 42 км по треил патека со 800 метри качување или се вкупно околу 4800 метри качување и спуштање .
То му иди како да направиш ајрон ман а во исто време да имаш искачено и спуштено висина како до врвот на Мон Блан, или како два и пол пати да си качил од Битола до врв Пелистер и назад.
Покрај должината и тежината и третиот фактор-временски услови , за моја “среќа” овај пат и официјално го имаше најлошото време од кога постои трката.
Така да по трите оски , должина , тежина и метео услови се направи еден совршен спој за будење на онаа животна енергија , онаа скриената , есенцијалната.
Од 16 сати и 30 минути колку ми беа потребни да ја завршам трката , најмалку 12 сати беа во пороен дожд , ветер , студ, град , магла ,грмежи .
Температурата на воздухот беше од 1-2 степени во утрото и до највисока 7-8 во текот на денот
Во сите три етапи имав моменти кога од голема изложеност на вода со студ со соочував со реални и вистински знаци на хипотермија .
Исто како што граничната линија на најтемното е пред пред самото изгрејсонце , исто како што генијалноста граничи со лудоста , како што јинг граничи со јенг , така и ова трка за мене беше граничната линија која ги спојува божественото и пеколното.
Во такви услови кога од една страна ја имаш прекрасната убавина на дурмиторска планина со прекрасни диви предели и кањони ,од друга страна го имаш напорот и временските услови и тука се раѓа најубавиот глад.
Тоа не е глад за пари , слава , моќ , углед..,
Тоа е глад за воздух , онај исконски , првиот глад на човекот кога ќе дојди на светот.
Некако сите сетила поинаку се будат , се раѓаат емоции и мисли и доаѓа она енергија која не е само твојата, тука онаа која е акумулирана од сите оние кои ти ја давале во текот на животот и од се она што си примал , независно дали биле од луѓе , природа или животни.
И така се буди божественото од пеколното а линијата која ги спојува си токму ти.
Тогаш сфаќаш дека не си сам , и тогаш сфаќаш дека од бруталното може да се роди спокојот.
Затоа морам да кажам дека не сум јас сам кој успеа да ја зврши трката , тука тоа е успех на сите кои се во мојот живот и ми ја даваат таа сила и енергија , а секако најголема сила и потпора се мојата фамилија , мојата Сандра Дима и Деа , моите родители , мојата сестра и моите внуци, моите сакани соработници , мои другари , пријатели , мојата поширока фамилија , а посебно ОГРОМНО благодарам на моите два ангели чувари , сапортери Горан Стефановски и Биљана Сивева за кој беа дел од оваа трка и кој заеднички како тим успеавме да ја завршиме .
Буквално без нивната помош, за мене невозможно беше да се заврши оваа трка.
Овие двајца и не само што се дел од трката туку се и дел од бруталните услови , неспиење пред трка , чекање и киснење на дожд и студ 20 сати , трчање и пратење по мене на секој 2 км , давање сила и бескрајно бодрење , буквално трчање со мене , и трпејки ги емоционални и физички турбуленции низ кој врвев .
Од се поминато исплетивме една врска која ќе не чува до крајот на нашите животи.
Тоа е и големината на оваа трка каде што тимот односно освен тркачот и сапортерите се дел од трката и буквално успехот е заеднички , а тоа е и смислата и убавината на животот затоа што имаш на кого да се потприш и со кого да се радуваш и споделиш .
Исто така голема благодарност до Талевски Игор викан Скопскиот за помошта околу дорчо , посебно шо овој драг пријател ми бил голема инспирација во текот на животот со неговите подвизи а ги имало многу .
Инаку навистина сум среќен и задоволен што на т.н триатлонскиот ѕид на бесмртноста покрај останатите нации сега има и Македонец.
Инаку мотото на трката е :А КОЈ РЕЧЕ ДЕКА Е ЛЕСНО – исто како животот нели ?
(за секој случај пак да не му го избришат статусот)