Во НУ Центар за култура – Битола, во среда (4 февруари 2026 година), со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи битолската премиера на македонскиот филм „Приказна за Силјан“.
На премиерната проекција ќе присуствува и филмската екипа – режисерката Тамара Котевска, како и Мартин Иванов и Јорданчо Петковски. По завршувањето на проекцијата, предвидена е и отворена дискусија со авторите, на која публиката ќе има можност директно да поставува прашања и да разговара за филмот.
„Приказна за Силјан“ ќе се прикажува во Големата сала на Центарот за култура и во наредните денови, според следниот распоред:
- Среда, 04.02.2026 – 19:30 часот
- Четврток, 05.02.2026 – 21:30 часот
- Петок, 06.02.2026 – 21:30 часот
- Сабота, 07.02.2026 – 21:30 часот
Филмот претставува уште едно значајно остварување во современата македонска кинематографија, а битолската публика ќе има ретка можност да го проследи не само филмот, туку и да учествува во директна средба и разговор со неговите автори.





