Во петок, 13 март 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Центарот за култура Битола ќе се одржи битолската премиера на македонскиот филм „Уште една игра“, во присуство на режисерот Nick Janssen и дел од актерската и авторската екипа.

Филмот ја раскажува приказната за Мартин, 16-годишно момче од Чучер-Сандево кое сонува да стане професионален гејмер. Неговата голема страст кон е-спортот го води низ низа предизвици и важни животни избори, каде што се соочува со дилеми помеѓу сопствените соништа, пријателствата и очекувањата на околината.

Во актерската екипа настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска, Александра Пашевска, Марија Јанчевска, Марјан Наумов, Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек и Петар Манич.

Битолската публика ќе има можност премиерно да го проследи филмот и да се сретне со дел од авторската екипа, кои ќе присуствуваат на проекцијата и ќе се дружат со публиката по завршувањето на филмот.
