На 13 мај 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во МКЦ Скопје, битолскиот Оркестар DIVA премиерно ќе го претстави својот нов, поинаков и алтернативен концертен проект „Industrial Symphony“ , музичко доживување кое спојува оркестарски звук, електронска енергија, индустриска атмосфера и моќна сценска изведба.

По концертите со кои веќе ја освои публиката низ Македонија, овојпат DIVA доаѓа со проект што носи сосема различна естетика и енергија. „Industrial Symphony“ е создаден за публика која сака музика што се чувствува силно, директно и интензивно – од првиот до последниот такт.
На програмата ќе се најдат композиции инспирирани од легендарни имиња како The Prodigy, Rammstein, The Chemical Brothers, Nine Inch Nails, Laibach и други артисти кои оставиле силен белег во електронската, индустриската и алтернативната музичка сцена.
Станува збор за композиции кои ретко се изведуваат во оркестарски формат поради нивната ритмичка сложеност, специфичен звук и силна енергија, што бара исклучително прецизна и смела сценска поставеност.
Токму затоа, Оркестар DIVA го поставува овој концерт како еден од своите најхрабри музички концепти, доказ дека оркестарот може да звучи и класично, и модерно, и урбано, па дури и агресивно, а притоа да не ја изгуби својата автентичност.
На сцената, заедно со Оркестар DIVA, ќе настапат и Жарко Јакимоски од Backdoor Band, Јасна Димитровска и Огнен Димовски, кои дополнително ќе ја засилат енергијата на концертот.
„Industrial Symphony“ носи вистински судир на различни музички светови, оркестарски звук, електронски пулс, моќни вокали, индустриска атмосфера и ритам што ја движи публиката.
Концертот ќе се одржи на 13 мај во МКЦ Скопје, со почеток во 20:30 часот, а билетите се веќе во продажба и ќе можат да се купат и на влез пред самиот концерт.
Карти ТУКА
