ТЕРА телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 07 Април 1993 година. Првите неколку години како локална ТВ станица која го покриваше со својот сигнал градот Битола, а од 1996 година со пoставување на дополнителна предавателна мрежа ја прошири својата видливост покривајќи го Пелагонискиот регион. Од 2014 година ТЕРА Телевизија започна со емитување на својот сигнал во Full HD, кој е достапен за гледачите од Битола, Ресен, Прилеп, Крушево, Кичево, Македонски Брод, Демир Хисар, Новаци и Могила.

Со карактеристичен програмски концепт, автентичен и поразличен од останата ТВ понуда, со ТВ програма блиска до своите гледачи, со одлично едуциран кадар, со сопствена ТВ продукција и со бројни награди и признанија дома и надвор, ТЕРА ТВ беше и останува на страната на гледачите, а тие ја чувствуваат како своја телевизија.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here