Просторот во битолската куќа е фунционално поделен на стамбени,санитарни и домаќински,работни и сообраќајни простории.Меѓу овие важно место завзема чардакот кој постојано бил правен со негова голема димензија и пружал прекрасен видик кон дворот и околината.Чардакот е место за муабет,седенки,свадби и забава во летните вечери се користат и како отворени простории за спиење.

13549126_10154213561673991_1315605890_o

Секоја постара битолска куќа е опремена со фиксни уреди и мебел.Освен тркалестите ниски маси-софри,се друго е фиксирано.Во кујната оџакот за готвење е и мијалник за садови  со одводна цевка.Во собите се направени вѕидани длабоки ормани (мусандри) а во масивните ѕидови има долапи.Вдолж сите ѕидови под таванот е изработена полица за сместување на садови и украси.Од намештајот за седење вдолж предниот ѕид,покрај прозорите фиксирани се ниски миндери.За загревање на собите соѕидани се земјени печки.Во муслиманските куќи секоја спална има свое капатило (амамчик),кое се најдува до вѕиданата печка.Тука е вграден казанот за топла вода.Овие елементи,обложени во дрво чинат еден своевиден декор во самата соба.

13524151_10154213555708991_361065585_o

Основниот материјал за градба бил каменот,плитарот или печената тула и дрвото.Цоклата и ѕидовите во приземјето се изградени од камен,а катот преставува дрвена скелетна конструкција исполнета со плитар или обложена од двете страни со дрвени летви и малтер,при што воздушниот простор има функција на топлински изолатор.Покривната конструкција е дрвена столица со блага стрмност на страните кои се покриени со олучести ќерамиди.

13569960_10154213556888991_463357370_o

Од надворешна страна секогаш се труделе за нејзината дотераност.Така стреата речиси секогаш е обложена со штици.Дрвените косници на еркерите редовно се маскирани со летви и малтер во вид на полни конзоли.Сите рамки на прозорците се обложени со штици што му дава леснотија и ведрина на катот на некогашната битолска куќа…

13548813_10154213555393991_115960203_o