Битолската Коњаница „Галоп“ по четврти пат ќе го галопира „Патот на Илинденците“ чествувајки го најголемиот македонски празник Илинден во чест на борците кои го дадоа својот живот за слобода на поробената Македонија.

Свечена литургија и благослов ќе има чествување на големиот празник заштитник „Архангел Гаврил“ во истоимената црква која се наоѓа во нас. Довлеџик од каде ќе се посетат голем број на села, цркви и манастири како и спомен обележјата на загинатите Илинденци. Оваа година на пат кон славното Крушево ќе тргнат дваесетина коњаници меѓу кои ќе има и едно младо девојче. Нека им биде лесен и благословен патот по кој ќе поминуваат нашите Илинденци.