Битола и понатаму останува еден од најсилните економски центри во Македонија. Според анализата објавена од Фактор, најголем профит во 2025 година остварила компанијата ЕРИ Корпорацион со добивка од над 5,1 милиони евра, а веднаш зад неа се Цермат и Стентон Градба.

На листата на десетте најуспешни битолски компании според остварената добивка за 2025 година се:
🔹 ЕРИ Корпорацион – 5.199.000 евра
🔹 Цермат – 4.043.110 евра
🔹 Стентон Градба – 3.761.314 евра
🔹 Млекара Битола – 2.987.317 евра
🔹 Игнација ФМ – 2.202.349 евра
🔹 ЗК Пелагонија – 2.174.529 евра
🔹 Интерворкс – 2.109.870 евра
🔹 Пелистер Битола – 1.800.322 евра
🔹 Синпекс – 1.579.678 евра
🔹 Киро Дандаро – 1.358.416 евра

Особено внимание привлекува враќањето на Пелистер Битола меѓу најуспешните компании во градот, што претставува показател за позитивните движења во битолското стопанство. Листата покажува дека градежништвото, прехранбената индустрија, земјоделството и трговијата и понатаму се меѓу главните двигатели на локалната економија.
Дали ваквите резултати се доволен показател дека Битола повторно го зацврстува своето место меѓу најсилните економски центри во државата? Пишете ни во коментар.
📷 Извор: Фактор.mk
