БИТОЛА ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИ ЕВРОПСКАТА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИ СО ОМАЖ ЗА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

од • September 21, 2026 • 0 коментари

Битола на 25 септември ќе биде дел од одбележувањето на Европската ноќ на истражувачи 2026, со настан посветен на науката, истражувачкиот дух и наследството на еден од значајните македонски научници – д-р Анастас Коцарев.

Настанот ќе започне во 11:30 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која е домаќин и коорганизатор заедно со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), во рамките на Европската универзитетска алијанса „COLOURS“.

Посебен дел од програмата ќе биде посветен на животот и научното дело на д-р Анастас Коцарев – македонски лекар и научник, познат и по својата соработка со Марија Склодовска-Кири.

Преку научни осврти, документи, спомени и изложба на артефакти, посетителите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со неговиот животен пат, научната работа и придонесот во медицината.

Настанот истовремено ќе биде и потсетување дека научната историја не се состои само од откритија, туку и од луѓето кои со својата работа оставиле трага за идните генерации.

25 септември 2026 | 11:30 часот

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Babam Bitola

Comments are closed.