Од 9 до 11 октомври 2026 година, во Битола ќе се одржи гастрономската манифестација „Чкембе фест Битола 2026“, посветена на традиционалните и автентични специјалитети од чкембе.

Организациониот одбор објави јавен повик за пријавување натпреварувачки тимови за учество на гастрономските натпревари. Право на учество имаат ресторани, гостилници, месни и други здруженија од Македонија и од странство.
Секој натпреварувачки тим задолжително треба да биде составен од двајца натпреварувачи, а натпреварот ќе се одвива во три категории:
▪️ Подготовка на традиционална „Чкембе чорба“
▪️ Подготовка на „Мезе од чкембе“
▪️ Подготовка на „Специјалитет од чкембе“ по сопствен избор
Пријавувањето е отворено до 10 септември 2026 година. Бројот на натпреварувачки тимови е ограничен, а учеството ќе се потврдува според принципот „прв пријавен – прв евидентиран“.
Сите навремено пријавени тимови ќе добијат официјални пропозиции, правилник, технички насоки и целосна програма за одржување на гастрономските натпревари.
Манифестацијата се одржува под мотото „Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“, во организација на Здружението на граѓани „Гурман Плус“ – Битола, Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“ – Битола и Општина Битола.
📩 Пријавување и дополнителни информации:
📞 Контакт телефони:
+389 75 291 923
+389 70 207 117
+389 71 528 622
📅 9–11 октомври 2026 година
📍 Битола
