ОУРЦ „Кочо Рацин“ со музички настан за Светскиот ден на гласот во Битола

од April 14, 2026 0 коментари

По повод 16 Април – Светскиот ден на гласот, ОУРЦ „Кочо Рацин“ од Битола организира музички настан со силна порака за заедништво, мир и вредноста на секој човечки глас.

Настанот ќе се одржи на 16 април 2026 година, со почеток во 11:00 часот, на платото пред Офицерскиот дом, каде учениците и присутните ќе имаат можност да бидат дел од едно уникатно музичко доживување.

Програмата предвидува симболично „патување низ светот“ преку музика и ритам, при што ќе бидат претставени различни култури и традиции. Ќе се изведуваат точки инспирирани од македонско оро, грчко сиртаки и турски чочек, како и италијанска канцона и шпанско фламенко. Настапите ќе продолжат со мотиви од јапонската сакура и американскиот диско ритам, за да завршат со енергична бразилска ламбада.

Целта на настанот е да се испрати порака дека музиката ги надминува сите граници и ги поврзува луѓето, без разлика на нивното потекло. Од ОУРЦ „Кочо Рацин“ истакнуваат дека секој глас вреди и дека заедничкото пеење создава чувство на припадност и хармонија.

Под мотото „Еден свет. Безброј песни. Единствена порака – мир“, настанот има за цел да ја поттикне свеста за значењето на гласот како средство за изразување и поврзување меѓу луѓето.

Сите заинтересирани граѓани се поканети да присуствуваат и да бидат дел од ова музичко обединување во срцето на Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.