Битола ќе биде домаќин на државни пинг понг натпревари овој викенд

од April 1, 2026 0 коментари

Во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, овој викенд ќе се одржат повеќе државни пинг понг натпреварувања во организација на ППК Пелагонија и Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка од Советот на Општина Битола.

Во сабота, на 4 април, со почеток во 10 часот, ќе се одржи Државен бодовен турнир во категоријата до 19 години, како и Државно првенство до 11 години, во поединечна и во конкуренција на двојки.

Во недела, на 5 април, исто така со почеток во 10 часот, на програмата е сениорски турнир, односно Бодовен ТМ 2 поединечно.

Сите љубители на пинг понгот се поканети да бидат дел од спортскиот викенд во Битола и да ги проследат настапите на младите надежи и сениорите.

Babam Bitola

Comments are closed.