Добредојдовте во Битола, градот кој ја пишува дефиницијата за тоа што е култура!
Добредојдовте на еден од најстарите фестивали во нашата земја кој од републички се издигна во интернационален, кој од фестивал на песна и игра, стана фестивал на мозаик од културни манифестации, а нашиот град станува културна и туристичка
крстосница.
Одговорно тврдам дека фестивалот „Илинденски денови“ 49 години е голем културен амбасадор кој ја промовира нашата земја. Зад оваа наша приказна, стара 49
години, приказна топла, силна, истрајна…радосна. Приказна која нѐ врзува со прекрасни спомени и со кои несвесно сме пораснале многу генерации од нашиот град.
Во таа приказна е вградена и нашата публика без која нашиот фестивал не би се приближувал кон еден навистина голем јубилеј што ќе го славиме наредната година.
Посакувам многу, многу бескрајни лета на овој фестивал!
Маја Андоновска Илијевски,
директор на НУ Центар за култура-Битола