Од Пелистер до Хераклеа, од Смолево до Германски, низ Широк Сокак и Старата чаршија, низ сите населби и по секое сокаче – Битола диши инспирација за љубов и убавина, инспирација за борба и слобода, ослободување како пред 77 години. Денес те празнуваме тебе наша Битола, денес ти се поклонуваме за сите убавини, за силата и трпението. Битолчани заслужуваат и ќе имаат ПОИНАКВА Битола, Битола каква што доликува, градска, конзулска, вистинска. Затоа што вистинските битолчани го сакаат градот секоја година, секој ден, секоја минута.

Битола те сакаме!