Битола имаше своја силна автомобилска претстава на еден од најреномираните меѓународни настани – Jap vs All, што се одржа во Атина под организација на JapStyleGR. Настанот траеше три дена и беше резервиран за највпечатливите и најретки автомобили од Европа. Од вкупно 950 пријавени возила, организаторите селектираа само 150..

Македонската делегација беше составена од:

Кар Клуб Битола со два експонати: Toyota Celica и Toyota GR

Urban Street Car Club – Охрид со четири возила

Extreme Power City – Скопје со едно возило, вклучително и Nissan 350Z, кој се приклучи на конвојот од Битола и Охрид

Настанот беше одлично организиран, со импресивна поставка на уникатни автомобили, а македонските претставници привлекоа големо внимание со својот професионален настап и квалитет на тјунинг.
На завршната церемонија беа доделени и награди, при што двата автомобили од Битола добија престижни признанија:

Најдобра презентација на автомобил (Best Car Presentation) – Toyota Celica

Најдобар екстериер (Best Exterior) – Toyota GR

НАЈАВА: Автомобилски хепенинг во Битола – сабота 21.06.2025 г.

Оваа сабота, Битола ќе биде домаќин на ексклузивен автомобилски настан, на кој ќе бидат изложени преку 160 селектирани возила од вкупно 450 пријавени. Настанот претставува продолжение на македонската автомобилска приказна и ќе понуди богата програма:

– Музички настап на DJ Chico
– Забавни активности и награди
– Присуство на најголемите битолски компании преку промотивни штандови
– Специјални учесници: еколошки ориентирани фирми од Скопје, со фокус на одржливост и зелени решенија

Настанот има за цел не само да ја промовира автомобилската култура, туку и да придонесе кон развојот на урбани и современи манифестации во Битола и ќе биде отворен во 16.00 ч. од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а ќе биди затворен со доделување на наградите и настап на Камерниот Оркестар од Битола.