Од локално до транснационално: Битолскиот архив во период од две години преку грант ќе го дигитализира Фондот Браќа Манаки и ќе го сподели со светот преку платформата на Британска библиотека.

Времето застана за да го зачуваме фотографското наследство на Браќа Манаки. Благодарение на Битолскиот Архив ќе започне целосна дигитализација и суштинска конзервација на фотографската наследство на првите балкански филмаџии Јанаки и Милтон Манаки. Тие повеќе од пет децении го поседуваат комплетниот фотографски материјал, како и нивната лична документација на семејството Манаки, која никогаш не била подложна на процес на целосна дигитализација. Фотографскиот материјал содржи повеќе од 7000 стаклени негативи, 3000+ ролни и филмови, заедно со повеќе од 10000 оригинални фотографии кои потекнуваат кон крајот на 19 век па нагоре до смртта на Милтон во 1964 година, а колекцијата е една од најистражените на Балканот.

Балканот е мал за нивната визија, нивното творештво е наша оставштина и имаме обврска овај дел од светот да го споделиме со остатокот.. Ако беа до денес први сниматели на Балканот, од денес ќе бидат најистражуваните фотографи!… изјави мр. Гоце Стојановски носител на проектот кој е грант и целосно ќе се реализира во Битолскиот архив..