Велерта на 30.08.2025 година во книжара BOOK”S HOUSE и Бар Општина се одржа хуманитарен настан со кој свечено беше затворено Битолското културно лето. Настан кој обедини бројни автори, уметници и граѓани, и уште еднаш ја покажа големата човечност и добродетелност на нашиот град.

Битолчани со своето присуство и поддршка дадоа огромен придонес, создавајќи незаборавна вечер исполнета со култура, уметност и хуманост.

Голема благодарност до сите автори кои беа дел од оваа прекрасна дружба. Средствата од продадените книги кои беа донирани од авторите ќе се искористат за купување на школски прибор за дечињата со посебни потреби.

















