Битолскиот карате клуб „Заншин До“ постигна значаен успех на Државното првенство за деца во категории У12 и У14, кое се одржа на 19 април 2026 година во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, Скопје.

На првенството учествуваа 426 натпреварувачи од 57 клубови од Македонија, а К.К. „Заншин До“ – Битола настапи во девет категории и освои два сребрени медала, со што обезбеди и пласман на Балканското првенство.

Со сребрен медал во дисциплината кумите (-45 кг) се закити Николај Петковски (2016 година), додека во ката тим во женска конкуренција (2016–2015 година) вицешампионки станаа Јована Јовановиќ, Бојана Бошкова и Стела Ризова.

Со овој резултат, Николај Петковски и Бојана Бошкова ќе ја претставуваат Битола на Балканското првенство за деца, кое ќе се одржи од 29 до 31 мај 2026 година во Истанбул, Турција. Ова е особено значајно бидејќи, по повеќе од 15 години, Битола повторно ќе има свои претставници на едно вакво натпреварување за деца.

Дополнителна чест за клубот е што тренерот Стевка Јанковска Петковска ќе биде селектор на македонската карате репрезентација во кати за категориите У12 и У14, при што дел од репрезентацијата ќе бидат и каратистите од „Заншин До“ – Битола.

Овој успех претставува потврда за континуираната работа, посветеност и талент на младите каратисти од Битола, кои со гордост ќе ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.




