БИТОЛА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЕВРОПСКА НОЌ: ВО СРЕДА ПЕЛИСТЕР ЈА ПРЕЧЕКУВА ЛА РИОХА

од • September 28, 2026 • 0 коментари

Битола повторно ќе живее во европски ракометен ритам. Во среда, 30 септември, РК Еурофарм Пелистер ја започнува новата сезона во ЕХФ Европската лига, а првиот предизвик за „зелено-белите“ е шпанскиот тим Ла Риоха.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот, каде битолчани ќе се обидат со победа да ја отворат европската сезона.

По настапите во Лигата на шампионите, Пелистер сезонава продолжува на европската сцена во Европската лига, каде го очекува силна конкуренција.

Посебна атмосфера се очекува и пред салата. Од 18:00 часот ќе биде отворена фан-зоната „Осмиот играч“, посветена на 41 година од постоењето на навивачката група Чкембари.

💚🤍 Среда е резервирана за Пелистер. Европа доаѓа во Битола, а „Боро Чурлевски“ повторно треба да биде зелено-бел!

Babam Bitola

Comments are closed.