Битола руши рекорди. Големата сала на Центар за Култура беше преполна за стендапот на Бојан Велевски кој настапи со „Све ли ја да мислам“, авторско дело на битолчанецот Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон каде е застапена сегашноста со интерактивноста на социјалните мрежи.
После повеќе од час и половина забава и дружење со битолчани, каде во голем дел беше присутна и заразната насмевка на Љате, на крајот Бојан заедно со Божидар им се заблагодарија на битолчани за големата заинтересираност и присуство ширејќи помеѓу двајцата нив дрес од Пелистер.
За Стамбола и Солуна Битола не давам….
Фото Александар Котевски