Битола отсекогаш била рок град: Битолски бендови дел од „Рок фест ’89“

од May 2, 2026 0 коментари

Битола уште во доцните 80-ти години ја потврдува својата репутација како силен рок центар во Македонија. Архивските записи од Осмиот македонски рок фестивал „Рок фест ’89“ покажуваат дека битолските музичари биле рамноправен дел од тогашната сцена, рамо до рамо со бендови од Скопје, Струмица, Куманово и другите градови.

На фестивалот, кој започнал на 24 ноември во Домот на младите „25 Мај“ во Скопје, настапиле 22 рок состави од цела Македонија. Меѓу нив, свое место имале и неколку бендови од Битола, кои оставиле трага во тогашниот музички живот.

Посебно се издвојуваат:

  • „Тони Блекмур бенд“, Битола, кој настапил на 1 декември
  • „Мистик“ – Битола, дел од програмата на 2 декември

Дополнително, вреди да се напомене дека минатогодишниот победник на фестивалот бил битолскиот бенд „Премиер“, што само ја потврдува силата и континуитетот на рок сцената во градот.

Фестивалот „Рок фест ’89“ претставувал значајна платформа за млади и афирмирани бендови, а интересот бил огромен, дури 42 групи од цела Македонија се пријавиле за учество. Стручна комисија составена од познати музички имиња ги селектирала најдобрите, а квалитетот бил на високо ниво.

Ова е уште еден доказ дека Битола не е само град на кафе и Широк сокак, туку и град со длабоки музички корени. Рокот тука не бил само музика , бил начин на живот.

Слика ВБУ Регистер

Babam Bitola

Comments are closed.