Битола од секогаш била расадник за фудбалери – генерацијата 2014 на ФК Талент вицешампиони на Македонија

од June 1, 2025 0 коментари

Екипата од фудбалската школа Талент Битола, генерација 2014, го освои второто место на државниот завршен турнир што се одржа во Скопје.

Во финалето беа поразени од школата Форца Скопје, која го освои шампионскиот трофеј.

До финалето, Талент ги оствари следните победи:

Осминафинале – победа над Евро фудбал, Охрид

Четвртфинале – победа над Бутел, Скопје

Полуфинале – победа над Брегалница, Штип

Екипата од Битола настапи на завршниот турнир како првак на преспанско-пелагонискиот регион, без ниту еден пораз во регионалната фаза.

Фудбалската школа Талент ја продолжува традицијата на развој на млади фудбалери во Битола.

Babam Bitola

Comments are closed.