Главните мотиви за оваа иницијатива ни се:
– Планирање на јавниот простор исклучиво од аспект за потребите на автомобилите, а не од аспект на граѓаните на Битола
– Немањето на основна вело инфраструктура
– Влошената безбедност во сообраќајот
– Големиот сообраќајниот метеж
– Пренатрупаноста на градот со коли
– Монопол во сообраќајниот режим со монопол на возачите на автомобили
– Ниска почит и свест кон различните категории учесници во сообраќајот
– Зголемената загаденост во градот и
– Влошените животни навики на населението, посебно помеѓу младите.
БитолаНаТочак е граѓанска иницијатива која има за цел подигање на јавната свест во Битола за урбаниот транспорт, со фокус на користењето на точакот како одржлива форма на транспорт која не загадува и која може да се користи насекаде во нашиот град и во секоја пригода.Главните цели на иницијативата се:
– Планирање на јавниот простор од аспект на потребите на граѓаните, а не од аспект на автомобилите.
– Поттикнување за изградба пристојна вело инфраструктура.
– Нудење на решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
– Нудење на решенија за растеретување на градот од сообраќајниот метеж.
– Зголемување на свеста за различните категории учесници во сообраќајот.
– Промовирање на точакот како еколошко урбано превозно средство кое не загадува.
– Промовирање на здрави животни навики.
www.facebook.com/BitolaNaTocak
Бабам Битола самостојно и бесплатно ги промовира граѓанските иницијативи и здруженија кои се грижат за убавината и доброто на нашиот град…