БИТОЛА МОЈА КАКВА СИ

ТАКВА СИ, НАЈУБА СИ.

КОЈ ЗБОГУМ ТИ РЕЧЕ

И ДЕН ДЕНЕС ДУША ГО ПЕЧЕ.
И САМА ЗНАЕШ ОТИ ТОА Е ТАКА

КОГА НЕШТО ОД СРЦЕ СЕ САКА.

ЕЈ! БИТОЛА ЛЕЛЕ ШУБА СИ

ОД СИТЕ ГРАДОЈ НАЈУБА СИ.
ГОРД СУМ ШТО СЕ РОДИВ ВО ТЕБЕ

НАЈУБА МОЈА ТЕ НОСАМ ВО СЕБЕ.

И АКО ПОВТОРНО ЈАС СЕ РОДАМ

ВО ТЕБЕ БИ САКАЛ НА БОГА СЕ МОЛАМ.
ЕЈ! БИТОЛА СО МИНАТО СЛАВНО

ВО ТЕБЕ ВРЕМЕТО МИНУВА БАВНО.

И ДЕН ДЕНЕС ЗА ТЕБЕ ПЕСНИ СЕ ПЕАТ

И ДЕН ДЕНЕС ЗА ТЕБЕ СОЛЗИ СЕ ЛЕАТ.
ЗОШТО ВЕЛАТ ДА ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ ?

А БОЛКАТА ЗА ТЕБЕ НЕМОЖИ НЕ ?

И НА СТАРОСТ СЕУШТЕ САКАМ 

ПО СОКАЦИ ТВОЈ ВЕЗДЕН ДА АКАМ.
ВО СЕБЕ ЕДНА МИСЛА СИ КРИЈАМ

НА ШИРОК СОКАК, КАФЕ ДА ПИЈАМ.

КАЈ ПАСКО ЃЕВРЕК И БУРЕК ДА ЈАДАМ

В’ЧАРШИЈА ТВОЈА СО БОЗА ДА СЕ ЛАДАМ.
А СЕГА КОГА ЈА ЗНАЕШ БОЛКАТА МОЈА

НЕКА ОВА БИДЕ И ПЕСНАТА ТВОЈА.

УШТЕ САМО ЕДНО ДА ТИ РЕЧАМ

САМО ВО ТЕБЕ МОЖАМ РАНИ ДА ЛЕЧАМ

Гого Николовски од далечната Австралија ни испрати неколку негови песни во кои тој ја опишува неговата искрена љубов кон Битола и неизмерната тага која тој ја чуствува далеку во туѓина…

Да го поздравиме и ние…